Насилникот Крис Браун повторно нападнал девојка: За кого станува збор?

Во Лос Анџелес се случувала вистинска драма. Откако некоја девојка се јавила во полиција за помош, полицијата ја опколила куќата на познатиот американски рапер Крис Браун, кој дури по неколку часа се предал на полицијата. Овој пат, тој се заканувал со пиштол.



Како што пишуваат американските медиуми, додека Бејли Карен му се воодушевувала на накитот на раперот, тој и извадил пиштол, го вперил кон неа и ѝ се заканувал. Но, додека полицијата била пред неговата куќа, објавил видео на Instagram.


- Спијам и наеднаш се будам поради хеликоптерите кои кружат над мојата куќа, а полицијата стои пред капијата.. Што сакате од мене?, зборува Крис во видеото.

Потоа објавил уште едно видео во кое се жали дека е уморен од соработување и договарање со полицијата и како тие се „најголемата банда во светот“.


- На секои три месеци доаѓате поради нешто. Што е следно?

Што се однесува до Карен, таа е Мис Калифорнија за 2016 година. Портпаролот на Крис во прес-конференција за медиумите изјавил дека тој соработувал со полицијата и дека моментално се работи на неговиот случај, но не е познато дали излегол со кауција.



Крис и порано беше пријавен за насилство, односно во 2009 година, кога неговата тогашна девојка, пејачката Ријана го пријави затоа што ја тепал. Тогаш доби пет години условна казна и неколку часови комунални работа. Во 2013 година исто така беше во затвор, откако удрил човек и избегал, додека пак по една година, во 2014 година се пријавил во полиција бидејќи нападнал обожавател, кој само барал фотографија со него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби