Оние кои клечеа пред Аркан сега ме прават криминалец

Српската турбофолкерка Светлана Ражњатовиќ –Цеца ретко кога зборува за Аркан и за тоа што сè се пласира во медиумите во однос на нејзиниот приватен живот. Сепак, во емисијата „Premijera“ проговори за многу нешта, од тоа дали Аркан навистина е жив, до притисокот што и го прават определени кругови на луѓе.

-Ме криминлизираа како личност, дискредитираа како жена, ме претставуваа како промискуитетна личност. Само не бев педофил. Сè друго бев во животов. Доживеав да ме интервјуираат луѓе кои не знаат ништо за мојот живот. Кои гледаа во подот кога му се обраќаа на мојот покоен сопруг. Доживеав сега тие луѓе да зборуваат и да измислуваат приказни за мене и моето семејство, раскажува Цеца.

Таа откри дека поединечни медиуми и се одмаздуваат и пишуваат невистини за нејзиното семејство. Пејачката е мошне гневна поради последните приказни дека Аркан е жив, а таа го крие во нивната вила на Кипар.

-Тоа го потресува целото негово семејство, тоа не нешто со што се плакне уста. Не дај боже некој да почувствува на своја кожа. Свесна сум дека не може сите да те сакаат и на сите да им бидеш мил. Жал ми е кога ќе прочитам некои работи кои немаат врска со мене. Тоа е цената на моите животни избори, но се носам со нив достоинствено. Сè уште не ми е свиткан рбетот од сите удари. Исправена сум како стрела, додава пејачката.

Што се однесува до неодамнешните закани за линч кои наводно беа упатени од синот на Аркан, Михајло, турбофолкерката открива дека веќе поднела кривична пријава.

-Мислев дека тој го напишал тоа, но познавајќи го бев шокирана. Освен ако му се случило нешто, па се сменил во меѓувреме. Кога тоа се повтори со закани по живот, знаев дека тоа не е тој. Го познавам и знам што може да каже. Не склон кон вулгарности и пцовки...Разбравме дека и тој бил шокиран. Не ги прати нашите медиуми, слушнал од своите пријатели и сакал да ја тргне лагата од своето име. Го пријавив целиот случај во полиција и чекам. Верувам во нашите институции дека таа болна личност наскоро ќе биде фатена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби