КАРМАТА Е НА РЕД

Растурачката на бракови си го доби своето?!

Кога пред 11 години Анџелина Џоли го украде Бред Пит од Џенифер Анистон многумина ја нарекоа растурачка на бракови. Сепак, тоа не ги спречи Бред и Џоли да продолжат со својата врска, да оформат семејство и на крајот да стапат во брак.

Години подоцна кармата дојде по своето. Веста за разводот на холивудската двојка ја разбранува јавноста, а причините за разделбата се уште остануваат нејасни. Според американските таблоиди Енџи ја обвинува француската актерка Марион Котилјард за афера со Бред. Но, тоа не е сè. Гласините велат дека на Џоли и дошло преку глава од однесувањето на нејзиниот сопруг, кој има проблеми со гневот и не ретко користи наркотични супстанци.

ТМЗ пренесува дека актерот е мошне бесен поради тоа што Анџелина се труди да го претстави како лош татко и сега целото семејство е таргет на папараците. Бред наводно сакал целата работа околу разводот да се заврши во тајност, но таа решила поинаку и сега бара целосно старателство врз 6-те деца. Тој дознал за разводот само ден пред Анџелина да ги предаде документите во судот, па веднаш започнал да се консултира со адвокатите.

Котилјард причина за љубомора

Извори блиски до Анџелина откриваат дека таа била толку љубоморна на Котилјард, што одбила да се поздрави со неа за време на снимањето на филмот.

-Енџи целосно ја игнорираше Марион на сетот и кога таа се обиде да зборува со неа, Џоли само ја сврти главата на страна. Марион беше уништена. Се надеваше дека ќе запознае голем ООН амбасадор, а наместо тоа Анџелина одби да зборува со неа поради неконтролирана љубомора, велат изворите и додаваат дека претпоставките дека Марион и Бред имаат афера, се потполно неточни.

Вистина или не, Paramount студиото ја искористи веста за разводот уште повеќе да ја подгрее ситуацијата. Само неколку часа по соопштението, тие објавија нов трејлер за филмот Allie, во кој Бред и Марион се снимени во жешка љубовна сцена.

Марион (40) се уште не даде свој коментар за целата ситуација, но нејзините пријатели се категорични околу тоа дека таа е среќна со својот партнер и нивниот син, како и дека приказните за неверството се целосна измислица.

Кармата дојде по своето?!



Велат дека кога Џенифер Анистон ја слушнала веста дека Бред и Анџелина се разведуваат само прокоментирала дека кармата дошла по своето.

Анистон и Пит пред Анџелина беа во навидум среќен брак, но во 2005-та нејзината брачна идила падна во вода поради аферата на Бред со Џоли на снимањето на Mr And Mrs Smith.

Тој не размисли два пати пред да ја остави и да замине со Анџелина, па на Џенифер и беше потребно долго време за да надмине сè што се случило. Откако Џоли јавно обелодени дека се разведува од Бред, интернет мрежата за кратко се преполни со илјадници фотографии и гифови од Анистон која е задоволна со исходот бидејќи времето конечно ги наплати сите долгови.

Што понатаму?



Богатството на Бред и Анџелина е проценето на околу 400 милиони долари, па поделбата на имот во најмала рака ќе помине интересно.

Доколку е точно дека Анџелина е решена да му ги одземе децата на Бред, тогаш овој холивудски развод со сигурност нема да помине мирно. Најверојатно за кратко ќе имаме можност да видиме што сè се криело под тепихот во изминатите години и каков навистина бил нивниот однос



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби