Ноле, кога последен пат си..?

Новак Ѓоковиќ учествуваше во емисијата „Последен пат“ на веб сајтот ATP, каде што одговараше на прашања кои не се поврзани со спортот.

Откри дека играл хокеј, дека му се случило да испушти лет и дека не може да го победи Бекер во шах. Што друго сподели?



Кога последен пат си ја делел хотелската соба со друг тенисер?

Не се сеќавам за соба, но делев куќа со останатите српски тенисери за време на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Кога последен пат на некој си му побарал автограм или си посакал да се фотографираш?

Тоа беше неодамна, иако обично не сакам на некого да му го нарушувам приватниот простор. Мислам дека тоа беше со Жерард Батлер.

Кога последен пат си имал некоја драма за време на патување?

За среќа, немам многу, за разлика од некои членови на мојот тим. При крајот на претходната година, пропуштив еден лет за Минхен или за Цирих, не сум сигурен.



Кога последен пат ја прекрши својата диета?

Уживам во се што е дел од мојот начин на исхрана, така да немам причина да ја прекршувам диетата.

Кога последен пат си направил нешто за прв пат?

Играв хокеј! Беше многу лесно да се движиме без лизгалки, бидејќи не игравме на мраз и беше забавно. Пораснав на планина, доаѓам од семејство на скијачи, така да тоа ми беше мошно познато. Сепак, го држев стапот со една рака, а не со две.

Кога последен пат си се натпреварувал во нешто со Борис Бекер?

Мислам дека последен пат игравме шах со него во Австралија, но никако да го победам во тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби