Актерите Наоми Вотс и Лиев Шрајбер по 11 години решија да се разделат, а разделбата ја објавија со заедничко соопштение:
Во последните неколку месеци дојдовме до заклучок дека најдобар начин да продолжиме како семејство е да се разделиме како двојка. Со огромна љубов, почит и пријателство во нас ќе ги одгледуваме нашите деца заедно и ќе ја истражуваме оваа фаза од нашата врска. Ги цениме вашата поддршка и љубопитност, но поради децата ве замолуваме за приватност.
Двојката, која никогаш не стапи во брак, заедно е од 2005 година. Тие имаат два сина, 9-годишниот Александер и 7-годишниот Самјуел Каи.
Вестa за разделбата дојде ненадејно со оглед на нивното заедничко појавување на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто овој месец.
Тие се појавија рака под рака на премиерата на филмот „The Bleeder“, во кој глумат. Во биографскиот филм за боксерот Чак Вепнер, кој го глуми Лиев, Наоми ја глуми третата жена на боксерот.
И според нивните социјални медиуми тешко можеше да се претпостави дека имаат проблеми, со оглед на тоа дека Лиев објавуваше фотографии од Наоми, но и таа од него.
Ay dios mio...
A photo posted by Liev Schreiber (@lievschreiber) on