Работи кои веројатно не сте ги знаеле за Кевин Харт

Еден од нашите омилени комичари, Кевин Харт, постојано не засмејува на малите екрани.

Американците имаат голема среќа што живеат во негова близина, затоа што тој редовно одржува и stand up шоуа кои се продаваат во рекорден број за многу брзо време. Нема човек кој не излегол со солзи во очи од смеа, а истото ни се случува и нас кога гледаме филмови во кој тој ја има главната улога. Пред да погледнеме нешто ново со него, да споделиме со вас неколку работи  кои најверојатно не ги знаете.



Славен е благодарение на Џуд Апатоу

Иако звучи како изненадувачко дуо, Џуд Апатоу го направи славен. Тој се појави во неговата комедија „Undeclared“ заедно со Сет Роџен и Чарли Ханам, во која глумеше христијански студент. Се појави само во неколку епизоди од серијата, но тоа беше доволно за да го забележат.

Продаваше чевли

Пред да стане познат и славен, имаше сосема нормална работа – продавач на чевли.

- Знам се што треба да се знае за патиките. Мислам дека бев најдобриот продавач. Се сеќавам дека еднаш им продадов чизми на едни редовни тркачи, изјавил Кевин.

Има своја линија на патики



Од продавач на чевли до дизајнер на чевли. Кевин има своја линија на патики заедно со компанијата Nike. Ја развил Nike Trainer Hustle Harts со надеж дека ќе инспирира милиони да станат најдобрата верзија од себе преку фитнесот. За прв пат ја претстави линијата во јануари оваа година во шоуто на Џими Фалон.

Се дружи со сестрите Кардашијан



Започнал да го гледа шоуто на Кардашијанс, затоа што неговата жена го гледала. А, сега веќе е заразен со нив.

Има своја игра

Кевин има своја игра наречена Little Jumpman, каде што мора да го водите Кевин низ многу пречки со цел да соберете поени.

Не се срами од својата висина



Воопшто не се срами ниту пак се лути на шегите за неговата висина, која што изнесува 162см. Всушност, токму неговата висина игра главна улога во филмовите.

Еднаш му платил на свој пријател за да ослаби

Навистина се грижи за своите пријатели. Кога еден негов пријател се здебелил, Кевин се обложил со него дека ќе му даде пари ако се врати во форма.

- Беше тежок околу 135кг и тоа му сметаше на сонот. Се обложив на 25.000 долари дека нема да може да намали 30кг. Ако нема да намали ќе треба тој мене да ми плати, но бев среќен што јас изгубив.

Редовно вежба



Кевин вежба шест или седум пати во неделата. Исто така води голема грижа за неговата исхрана.

- Сакам здраво да се хранам – црн ориз, печено пилешко, зеленчук и овошје.. не сум гурман, па не е толку тешко да ја одржувам оваа диета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби