ДЕВЕТ ГОДИНИ ОД НЕГОВАТА СМРТ

Тоше беше единствениот кој го соедини целиот Балкан

Никогаш прежалениот и се уште омилениот, нашиот Тоше Проески, го загуби својот живот токму на денешен ден, пред точно девет години во сообраќајна несреќа на автопатот А3 Загреб – Липовац. И од тој ден, Македонија се обои во црно, а плачот за неговата смрт се слушаше од секој дом во земјата. За него плачеа малите девојчиња кои ги развиваа првите симпатии кон него, па сè до старите баби и дедовци кои во него видоа нешто што одамна го немаа видено. Тој за нив беше прекрасно дете со ангелски глас, кој успеа да го соедини целиот Балкан по војната.



Почетоците на својата кариера

Тоше е роден на 15 јануари, 1981 година во Прилеп. Ако денес беше жив ќе имаше 35 години, а сигурно и светска кариера. Својот пат го започна уште како дете, но отскокна даска му беше настапот на Макфест, кој потоа му донесе соработка со Григор Копров.



Откако неговата кариера се прошири низ целиот Балкан, тој тргна на турнеја во 2002 година, а по само една година ја доби наградата Мајка Тереза за неговите бројни хуманитарни настапи. Како амбасадор на добрата волја прогласен од УНИЦЕФ, неговата песна „This World“ стана химна токму на таа светска организација.

Соработуваше со бројни музички ѕвезди меѓу кои и Каролина Гочева, Калиопи, Тони Цетински, Есма, Гоца Тржан, па дури и со светски познатата Џана Нанини. Започна да објавува и албуми на српскиот и на хрватскиот пазар, каде што фановите го сакаа како да доаѓа од нивната земја.



Како мал сакаше да биде доктор

Од својот татко Никола, Тоше ја наследи љубовта кон уметноста. Никола беше каменорезец, но го следеше својот син уште од самиот почеток на кариерата. Славата ја доживуваше како нешто најубаво што му се случило во животот. Никогаш не ни мислел дека Тоше ќе достигне толку многу, туку само зборуваше дека „Тоше е божји син“.



- Како дете сакаше да биде лекар, но подоцна музиката влезе во неговиот живот, изјави таткото при едно интервју.

За Тоше, татко му Никола и мајка му Доменика, беа нешто најсакано во животот. Домашното воспитување беше многу важно, па така Тоше беше пример за тоа како треба да се однесува еден млад човек.

Интернационална кариера

Тоше го завршуваше својот албум на англиски јазик. Седум песни беа готови, а во план беа да се снимаат уште две на кои тој посвети посебно внимание. За време на неговиот престој во Лондон, тамошните продуценти изразија огромно воодушевување и кажале дека „неговиот глас продрел како свеж воздух во просториите“.



„Дајте ми светло да ја видам публиката“

Тоше живееше за својата публика и за концертите преку кои разменуваше огромна енергија со бројни обожаватели. Сакаше да ја гледа публиката како е задоволна и често бараше да ја осветлуваат.

На последниот концерт, кој се одржа во Скопје, ја замоли публиката да направи ѕвездено небо со мобилните телефони.. Моментот кој се уште предизвикува солзи во очи.



Храна за душа

Крушево и Битола имаа посебно место во неговото срце. Каде и да одеше, таму најубаво се чувтвуваше. Со својата камера, која ја носеше постојано со себе, го снимаше целото Крушево, повторно и повторно. Таму го пронаоѓаше својот душевен мир и го поминуваше своето време со фамилијата, која му беше сè на светот.

Љубов



На почетокот на кариерата беше во четригодишна врска со Благица Мицова од Неготино, каде што често поминуваше време. Откако ја прекина врската со Благица, со која сепак остана во добри односи, започна врска со ракометарката Адријана Будимир, која тогаш играше за Кометал.

Спортски тип

Тоше уште од мали нозе тренирал одбојка во еден крушевски клуб. Имаше навика да игра одбојка често со своите другари, па така играл еден натпревар вечерта пред несреќата. Беше заљубен во спортот – тренирал кик бокс и карате, а совладал и неколку боречки вештини.

Голем верник

Насмеаното момче, никогаш никој не успеа да го заборави. Го величеше Бога и секогаш му се заблагодаруваше за здравјето. Секогаш носеше крст кој постојано го бакнуваше, а се прекрстуваше пред секој концерт.

Тој беше човекот кој постојано ни велеше „Сите ве сакам“. Сега сите сакаме да се врати ангелот наш и повторно да ни запее во живо, да се почувствуваме сакани и да ја почувствуваме енергијата која само тој ја ширеше. После него, ретко кој уметник допрел до срцето на публиката на тој начин.

Тоше, засекогаш ќе останаш во нашите срца и ќе се потрудиме дури и идните генерации да знаат за тебе!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби