Славни личности кои биле во првите борбени линии

Низ историјата бројни познати личности го дале својот придонес во војската на земјата од каде што доаѓаат. Меѓу нив биле бројни музичари, актери и писатели, а многумина од нив се бореле и во војни. Кои биле најборбени?

Хју Хефнер



Пред да стане икона на Playboy за која знае целиот свет, Хју служел во војска за време на Втората светска војна од 1944 до 1946 година. Многу брзо било воочено дека нема вештини на војник, но бил вреден дописник, чиновник и карикатурист за разни воени изданија. Во војска се придружил веднаш по средното училиште, а откако завршила војната посетувал разни уметнички курсеви и продолжил со цртањето на карикатури.

Мики Руни



Славниот американски комичар исто така служел во Втората светска војна, а поради тоа го напуштил и снимањето на еден филм, иако на почеток не го примиле во војска поради висок крвен притисок. Сепак, при неговиот втор обид, го примиле. Обучен е во единицата за хемиски оружја, но најмногу време поминувал забавувајќи ги трупите со неговиот хумор.

Џони Кеш



Славниот кантри пејач поминал неколку години во војска, борејќи се во Корејската војна. Бил и во Германија, иако не во првите редови, но сепак работел како оператор во воздухопловството, работејќи со Морзеовиот код. По војната и се посветил на музичката кариера.

Елвис Присли



Тој бил една од најпознатите музички ѕвезди во војска. Го повикале во 1958 година, а тогаш веќе бил добро познат – веќе ја имал снимено песната Hound Dog. Своето служење го поминал во Тексас и Германија, а го завршил во 1960 година.

Клинт Иствуд



Иако од сите неговите филмови знаеме каков опасен човек е Клинт, многумина не знаат за неговата воена историја. Го примиле за време на Корејската војна, како инструктор по пливање. Иако не бил во близина на вистинската акција, сепак летал во торпедо бомбардер.

Тони Бенет



Славниот музичар е примен во војска за време на Втората светска војна. Бил во Европа, а се борел и во Франција и Германија. Сепак, немал некое страшно искуство.

Џејмс Дохан



Најпознат по својата улога како Скот во Star Trek, Џејмс бил член на Канадската воена артилерија за време на Втората светска војна. Бил одличен војник, а дури и ги водел трупите во освојување на Нормандија. За жал, примил шест куршуми од кои 4 во нозете, а животот му го спасила кутија цигари која го стопирала куршумот да влезе во неговите гради.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби