Анџелина Џоли повеќе не се крие од папараците. Таа заедно со 6-те деца беше во обиколка на еден имот во Лос Анџелес.
Извор за ЕТ открива дека дружината прво била на плажа, па заминала да го разгледа имотот, каде се задржале околу 1 час.
Ова е прво појавување на актерката, а воедно и на децата, по поднесувањето на нејзиното барање за развод од Бред Пит.
-Децата трчаа наоколу и изгледаа среќно и безгрижно, раскажува интерен извор.
Минатата недела Бред ја имаше својата прва средба со децата во присуство на трето лице, како што и впрочем е договорот помеѓу него и Анџелина, сè додека не се договорат за старателството.
Според InTouch нивната 90 минутна средба била мошне емоционална и Бред го поминал времето во играње и разговори со своите најсакани.