Симон Конецки, долгогодишниот партнер на Адел, белите конфети кои обично ги фрлаат на крајот од нејзините концерти, ги замени со рачно напишани љубовни пораки по повод нивната петта годишнина.
Дали сега Адел и Симон ни се новата омилена двојка?
Имало разни пораки од типот на „Среќна годишнина“, „Ти си ангел“ и „Те сакам“. Сепак, Адел додека настапувала не ги забележала пораките, само ја забележала различната боја.
- Вечерва имаме розови конфети.. обично се бели, изјавила по настапот.
Сепак, потоа ги видела конфетите, обожавателите биле повозбудени и од неа.
- Навистина се надевам дека снимано е она што се случувало зад сцена кога Адел дознала дека всушност тоа се љубовни пораки од нејзиното момче, напишал еден фан на Twitter.
Адел и Симон почнаа да се забавуваат во 2011 година, а од љубовта се роди и нивниот 3 годишен син.