Шестмина обвинети за топлес фотографиите на Кејт Мидлтон

Шест лица се обвинети во Франција за снимање и објавување топлес фотографии на Кејт Мидлтон, војводката од Кембриџ.

Меѓу обвинетите се фоторепортер, уредници на локалниот француски весник „Ла Прованс“ и на неделникот „Клозер“, како и раководители на италијанската издавачка компанја „Мондадори“, која е сопственик на неделникот, кој има свои изданија и во Италија и во Велика Британија.

Сите шестмина се обвинети врз основа на францускиот закон за приватност. Случајот потекнува уште од летото 2012 година, кога Кејт заедно со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, беа на кус одмор во француската провинција Прованса.

Фотографиите на кои војводката се сонча на терасата на една приватна вила без горниот дел од нејзиниот костим за капење, беа направени од голема далечина со користење на телеобјектив.

Вилијам и неговата сопруга побараа од француските власти кривична одговорност за фотографот и за сите уредници кои ќе ги објават фотографиите.

Лондонските медиуми кои ја пренесуваат одлуката на француското обвинителство, најавуваат деја судењето да се одржи во текот на идната година.

Кога сликите беа објавени, во текот на одбележувањето на дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета, кралската палата во Лондон реагираше со соопштение во кое остро ја осуди „повредата на приватноста“ на младата кралска двојка.

Медиумите тогаш објавија дека гневот кај Вилијам бил потикнат од сеќавањето за неговата покојна мајка, принцезата Дијана, за која тој смета дека била „жртва на папараците“, затоа што го следеа секој нејзин чекор додека беше жива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби