Од амбициозна Југословенка до Прва дама на Америка: Која е Меланија Трамп?

До денес сите ја знаеме Меланија Трамп како сопруга на Доналд Трамп, кој денес стана претседател на САД, а со тоа таа стана Првата дама на Америка. Нејзиниот пат од родната Словенија до Белата куќа бил многу возбудлив.



Имено, родена е во 1970 година во Севница, градот кој во времето на Југославија бил центар на текстилот. Нејзиниот татко се занимавал со продажба на автомобили, а мајка и со моден дизајн. На 17 години почнала да се занимава со манекенство.

Од тоа време датираат црно-бели фотографии од тогашната Меланија Кнавс, која ја одвеле до Милано и Њујорк, каде што на една забава во 1998 година го сретнала и нејзиниот сопруг.



Сепак и биле потребни цели две години за да ја прифатат во модна агенција во Милано. Студирала дизајн и архитектура на Универзитетот во Љубљана, а во 1996 година решила да се пресели во Њујорк.

Во времето кога го запознала Трамп била дел од менаџментот на моделите на Трамп. На забавата тој дошол во придружба на друга девојка, но кога ја забележал Меланија, решил да и пријде. Ја пратил тогашната девојка во тоалет и решил да и го побара бројот.

Но, Меланија била доволно паметна да не му го открива, затоа што знаела дека ќе биде уште една жена на која тој и се јавил. Го направила тестот, со цел да види дали тој ќе и го даде службениот или приватниот број. Тој го поминал тестот и ѝ ги дал сите броеви. Почекала цела недела за да го контактира.

Од средбата до официјалното влегување во брак поминале шест години.

- Имаме сјајна врска, сјајна хемија, изјавила Меланија.
Сепак, Трамп имал поразлично мислење.

- Никогаш не сме се скарале, заборавивме што значи тој збор. Многу сме компатибилни и многу си одговараме.

Во 2004 година се венчаа во Палм Бич, кога Меланија носеше специјално изработен невестински фустан од Џон Галијано, вреден 200.000 долари. Свадбата беше феноменална, а медиумите буквално полудеа и постојано откриваа нови детали.



По една година се роди и нивниот син Барон Вилијам Трамп, кој го знае мајчиниот јазик и обожава да носи одела. Неговиот детски стил е строго бизнис.

- Се промени и нашиот брак кога го добивме Барон, бидејќи тогаш приоритетите се сменија. Но, тоа не значи дека помалку се сакаме и се почитуваме, рекла Мелнија за магазинот Hеllo.

Меланија има свој бизнис, дизајнирање на накит, кој потоа го проширила на козметичка линија. Исто така се занимава и со добротворна работа, а особено е активна околу фондацијата за истражување на рак на дојка. Откако е во брак со Доналд Трамп, медиумите и се постојано зад секој чекор.

- Можеби поради тоа што е толку многу убава, не очекувавме да е толку паметна, изјавила една водителка за влијанието кое го оставила сега веќе Првата дама.



И покрај скандалите со кои се соочува Доналд, Меланија безрезервно го брани и поддржува.

- Многу обвинувања против него се лажни. Многу се точни, јас не треба да кажам дали е тоа грешно. На константа мета е на медиумите. Тој е по малку суров. Неубавите зборови кои ги користи се детски жаргон. Но, кога малку подобро ќе го запознаете, тој е неверојатен џентлмен, полн со поддршка за оние кои ги сака. Приказната за тоа дека ги понижува жените ќе падне во вода кога ќе ги погледнете компаниите во кои на бројни влијателни места се токму жените. Нè поддржува и ни помага при освојувањето на нашите соништа, јас му верувам, изјави Меланија за CNN.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби