Џенифер Лопез и Ријана го фрлија своето пријателство во вода поради љубовната афера на Џеј Ло со Дрејк, поранешното момче на РиРи.
Пејачката од Барбадос престана да ја следи својата довчерашна пријателка на Instagram, по што Лопез и Дрејк и официјално ја потврдија врската со фотографија во љубовна прегратка.
Џеј Ло ги погреа гласините за наводна врска откако на почетокот од месецот објави селфи со Дрејк. Сепак, тогаш ниту таа, ниту нејзиното ново момче, не дадоа коментар дали станува збор за шпекулација или пак за вистинска врска.