ОД СМРТ, ПРЕКУ РАЗВОДИ ДО ОСКАР

Настани кои ја обележаа поп културата оваа година

Не е тајна дека 2016 година, на никого нема да му недостига. Уште од самиот почеток, па сè до нејзиниот крај, се покажа како лоша, немилосрдна, па дури и изразито невообичаена.

Ако ги погледнеме сите настани кои што се случиле, ќе ни изгледа како да станува збор за подолг временскиот период од една година. Факт е дека годината најмногу ќе остане запаметена по животите кои што згаснаа. Социјалните мрежи речиси секој месец беа преплавени со прашањата за тоа колку полоша може да стане оваа година, а тие прашања многу брзо добиваа одговор. Само оваа недела изгубивме двe познати лица, Џорџ Мајкл и Кери Фишер. И двајцата ни оставија многу работи со кои нивните души станаа бесмртни и постојано ќе се сеќаваме на нив.



Сè почна на почетокот на јануари, кога стигна веста дека почина Дејвид Боуви, вистинска икона на нашето време и човек кој пред смртта го издаде својот нов амбициозен албум. Светската јавност не беше помирена со таа вест, кога во април дозна за смртта на Принц, уметникот кој можеби беше најзадолжен за музичката индустрија. Во ноември изгубивме уште еден голем пејач, Леонард Коен, човекот чија музика ја слушаа многу генерации. Обожавателите ширум светот се растажија и поради смртта на Алан Рикмен и Џин Вајлдер, најпознат по улогата во филмот „Willy Wonka and the Chocolate Factory“.



Но, доволно за лошите настани. Оваа 2016 година, беше годината кога Леонардо ди Каприо по многу успешни филмски улоги, конечно доби Оскар, а својот говор, кој го следеше целиот свет, го искористи за да ги предупреди сите луѓе за глобалното затоплување. Феминизмот беше уште една актуелна тема, за која се чинеше дека сите сакаа да си го искажат своето мислење, од Тејлор Свифт, до Лена Данхам и Тина Феј. Конечно замреа политичките теми во светот, откако Доналд Трамп беше прогласен за претседател на САД, бидејќи сите се помирија.





Музичката сцена ја обележаа неколку имиња. Иако албумот „Blonde“ на Френк Оушн прими цела низа признанија од публиката, него го засенија поголемите имиња како што се сестрите Ноулс, кои издадоа фантастични албуми, но и Каније Вест кој одушеви со долгоочекуваниот албум „Life of Pablo“. Освен со музиката, Каније реши сериозно да се занимава и со модата, па ја претстави својата најнова колекција Yeezy, за која се зборуваше со недели.

Оваа година, верувале или не, дочекавме Ким Кардашијан, да не се појавува во јавност неколку месеци по кражбата во Париз. Таман кога реши повторно да излезе, Каније доживеа нервен слом и таа повторно се повлече. Освен тие двајца и Селена Гомез се охрабри јавно да преговори за депресијата, Лејди Гага призна дека боледува од посттрауматично нарушување по силувањето во младоста, а Зајн Малик објави дека има големи проблеми со анксиозноста.



Љубовните животи на познатите, речиси секој ден се тема во медиумите. Аферата на Тејлор Свифт и актерот Том Хидлстон не траеше долго, ниту пак бракот на Џони Дeп и Амбер Херд, која изјави дека актерот физички и психички ја малтретирал. Сепак, најголем шок беше кога слушнавме дека Бред Пит и Анџелина Џоли ќе се разведуваат, пар за кој сите мислевме дека постојано се заљубени. Ја дочекавме и љубовната врска помеѓу Принцот Хари и актерката Меган Маркл, кои се под будно око на новинарите. За ова Хари побара од новинарите да ја остават актерката на мир и да не ја следат на секој чекор.



Што се однесува до светот на модата, оваа година најбарани имиња беа сестрите Џиџи и Бела Хадид, кои се појавија на ревијата на Victoria’s Secret, каде што настапуваше поранешното момче на Бела, The Weekend. Рамо до рамо со нив беше и Кендал Џенер. И додека Кендал гради мега успешна кариера на модел, Кајли се занимава со лансирање на своја колекција на шминка и облека.



Како што може да забележите оваа година навистина беше исполнета со многу падови и неколку подеми. Она што треба да го заклучиме е никогаш да не ги заборавиме уметниците кои оставиле огромен белег врз уметноста, а кои веќе не се со нас и да ги заборавиме сите лоши работи кои што се случиле. Да се надеваме дека во 2017 година, ќе заборавиме на смртта и ќе се случуваат само убави работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби