Откако Сораја пред три недели ги извади силиконите од устата, ги почести своите обожаватели со едно вредно парче од нејзиното тело. Станува збор за задникот, кој е во преден план на нејзината фотографија на социјалните мрежи.
Многумина сметаат дека ставила силикони на задникот. Сепак таа се брани со ставот дека секој ден напорно вежба за да го достигне телото кое го посакува.
- Од ова место на гледање, мислам дека не треба ништо да корегирам на моето тело. Кога бев млада, носев брзи одлуки, изјави Сораја.
👋🌞💋💋💋
A photo posted by Sara (@sorajavucelic) on
Пред три недели таа ги извади силиконите од устата по препорака на лекарите, бидејќи тие сметале дека може да и пукнат поради нивната големина. Сораја се откажа и од намалување на градите, бидејќи сака да се здебели, па смета дека вака ќе изгледа пропорционално.
- Ми се допаѓа како сега изгледам, а на злите коментари никогаш не сум замерувала.