Семејството Кардашијан, годината ја заврши со кражба, но и новата ја почна со кражба. Еден од бутиците Dash, во сопственост на Ким, Клои и Кортни Кардашијан, кој се наоѓа во Лос Анџелес беше ограбен ноќта, кога медиумите објавија дека француската полиција уапсила неколку крадци под сомнение дека се виновни за кражбата на Ким во Париз.
Крадците од бутикот успеале да украдат облека и парфеми во вредност од 1.600 долари и избегале во сребрен автомобил. Продавачките и обезбедувањето не успеале да ги фатат ограбувачите. Сепак, ниту една од сестрите Кардашијан не ја искоментирале кражбата.
Многумина сметаат дека овие криминалци можеби имаат некоја поврзаност со крадците кои што ја ограбија Ким во Париз, минатата година. Но, се уште е рано да се носат некои заклучоци.