Излезе во јавност изјавата на Ким за кражбата

Се уште не е завршена истрагата за грабежот во Париз, каде што беше ограбена хотелската соба на Ким Кардашијан. Изгледа дека ова ќе се претвори во сага, чиј крај не можеме ни да го претпоставиме.

И додека неколкумина осомничени се наоѓаат зад решетки, во јавноста излезе изјавата на Ким, која ја дала на француската полиција.



Ким го опишува страшниот момент кога била држена со пиштол во нејзината хотелска соба, додека краделе накит во вредност од милиони долари. Изјавата почнува со објаснувањето како Кортни и нејзината асистентка Стефани Шепард излегле, додека Ким и стилистот Симон Харуш одлучиле да останат во хотелот. Ким се качила во собата да работи, додека слушнала врева пред врата, кога прашала „Кој е таму?“

- Никој не ми одговори. Се јавив на мојот телохранител во 2:56. Преку врата видов како пристигнуваат двајца мажи, но и чуварот, кој беше заврзан. Двајцата беа облечени во полициски одела, а еден од нив носеше очила за скијање, токму тој беше со мене кога ме држеа заврзана. Го насочи оружјето кон мене. Ми го зема прстенот од рака, а носеше ракавици. Ме праша каде се парите и накитот, опишува Ким.



Потоа ја врзале со кабли.

- Ме фатија и ме однесоа во лобито. Носев само бањарка и ништо друго на себе. Отидовме повторно во собата и ме турнаа на креветот. Ме заврзаа со пластични кабли и лента на рацете и на нозете, но ми ставија и лепенка на устата. Ме однесоа во бањата, поточно во кадата.

Тие украле огромен број на накит.

- Во кутијата за накит имаше две белегзии од Cartier, дијаманти, ѓердан од Jacob целиот од злато и дијаманти, дијамантски обетки од Lauren Schwartz, прстени, обетки... Го украдоа и ѓерданот со името на мојот син Сеинт, целиот од дијаманти, часовник Rolex од жолто злато и два прстени од жолто злато.

На крајот на давањето на изјава, Ким побарала да се врати дома во Америка, за да биде со нејзините две деца. Очигледно дека поминала низ огромна траума.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби