W Magazine објави забавно видео во кое холивудски ѕвезди во чест на инаугурацијата на Доналд Трамп ја пеат песната „I Will Survive“.
Токму оваа песна од Глорија Гејнор се смета за химна на оптимистите, токму затоа што ја носи пораката дека што и да ни се случи во животот ќе го преживееме.
Во видеото може да видиме како Ема Стоун, Ејми Адамс, Натали Портман, Мишел Вилијамс, Ендру Гарфилд, Метју Меконахју и многу други актери кои ја пеат оваа песна преку која сакаат да му порачаат на Трамп дека ќе го преживеат неговиот претседателски мандат.
Погледнете го видеото: