Сигурни сме дека сите ја знаете Ешли Греам, „дебелата“ манекенка кој ги сруши темелите, за тоа дека мора да си слаб за да си модел и манекенка. Таа со своите облини освои голем број на дизјанери, а богами и на обожаватели.
Овој пат беше ангажирана од магазинот Elle, за фотосесија за долна облека наречена Dark Beauty. Облечена е во црна и циклама долна облека со тигрест принт, како и здолништа од тантела. По темата страшно потсетува на филмот Fifty Shades Darker, кој овој период е мошне актуелен.