Тајното писмо на принцезата Дајана: Целосно сум изолирана

По многу години од смртта на принцезата Дајана, објавено е писмо, кое таа го напишала за нејзината пријателка Дудли Поплак. Во писмото опишува како се чувствува целосно изолирано и несфатено во кралското семејство.



Дајана го напишала писмото рачно, откако ручале со нејзината пријателка во 1991 година, истата година кога ги открила интимните детали на својот биограф Ендру Мортон. По шест месеци, Мортон ја објавил оваа информација во книгата „Diana: Her True Story“ која станала бестселер и довела до големи проблеми во кралското семејство.

- Се чувствувам екстремно изолирано сега кога гледам што ќе биде во оваа земја и во ова семејство. Се чувствувам дека ти ми веруваш Дудли и не знам што ми значи ова, бидејќи луѓето околу мене постојано погрешно ме разбираат. Во последните години се вклучував во програмата за саморазвој, преку која сфатив низ што сè поминуваат луѓето кои патат и оние на кои им е потребна љубов и поддршка, без разлика дали се хоспитализирани или се на улица. Дали може да го продолжиме разговорот во јануари, бидејќи ми е потребен твој совет за моите мислења, напишала Дајана.



Книгата за Дајана е објавена во 1992 година и базирана е на нејзините снимени одговори на напишани прашања. Белешките се направени тајно во Кесингтонската палата во 1991 година, за време на серија интервјуа, кои ги работел посредник. На снимките принцезата зборува отворено за својот живот пред бракот со принцот Чарлс, борбата со булимија, обидите за самоубиство и скршеното срце поради аферата на нејзиниот сопруг и Камила Паркер Боулс.

Зборувала и за односите со другите членови на кралското семејство, а кралицата Елизабета подоцна, 1992 година, ја опишала како „година на ужасот“.

- Книгата е важна бидејќи се чувствувала изолирано во време кога нејзиниот брак се распаѓал, па открила детали преку кои го испуштила „духот од ламбата“ и нејзиниот живот се сменил на полошо. Ова писмо нуди единствен поглед во борбата која Дијана ја водела во тоа време, изјавил Мортон.

Моментално, писмото е на аукција и се очекува да достигне цена од 900 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби