Татко ми го убија, а јас преживеав силување!

Ќерката на Мајкл Џексон, Парис (18), ја шокираше светската јавност во интервјуто дадено за Rolling Stone магазинот во кое тврди дека смртта на нејзиниот татко во суштина била планирано убиство.

Освен тоа таа откри и дека на 14 години била силувана од непознато лице, по што сакала да се самоубие.

-Тој велеше дека има луѓе кои се пратени да го средат. Во еден момент дури и рече: Ќе ме убијат еден ден. Очигледно е. Сè укажува на тоа. Звучи како теорија на заговор, но сите вистински обожаватели и сите во семејството го знаат тоа. Беше наместено, вели таа и додава дека верува во тоа дека докторот Конред Мареј е виновен за смртта на Мајкл Џексон, но и дека некој стоел зад него.

-Верувам во тоа, но сè наликува на партија шах. И сега се обидувам да ја играм истата. Тоа е сè што можам да ви кажам во моментот.

Парис изјави и дека била силувана од тотален странец кога имала само 14 години, по што неколку пати се обидела да си го одземе животот.

-Тоа беше омраза кон себе, мала самодоверба, мислев дека не можам ништо да направам правилно, мислев дека не вреди да живеам.

Во 2013-та година јавноста дозна за нејзините самоубиствени нагони, по што Парис заврши на рехабилитација.

-Сè беше лудо. Јас бев луда. Поминував низ многу нешта. Се справував со својата депресија и со анксиозноста без никаква помош, вели таа.

Сега повеќе не прима терапија и признава дека се чувствува далеку подобро. Единствениот порок и се ментол цигарите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби