Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ отидоа во Америка, во посета на сестрата на Игор, Наташа. Таа не успеала да стигне на нивната свадба, па ги покани на гости.
Наташа се преселила во Америка, поточно во Лос Анџелес, а ја пропушти свадбата поради снимањето на холивудски филм во кој глуми заедно со Никол Кидман. Таа се појави во „Волкот од Вол Стрит“ со Леонардо ди Каприо, но во филмот се гледа само нејзиниот задник. Но, откако заплови во актерските води, реши да стане и пејачка, во што ќе и помогне Северина.
Самата компонирала и напишала околу 10-на песни. Можеби и наскоро ќе биде објавен некој дует со нив двете, но останува да видиме. До тогаш, нека се забавуваат по сонцето во Лос Анџелес.