Поминаа повеќе од месец дена откако пејачот Џорџ Мајкл беше пронајден мртов во својот дом. Сепак и покрај тоа неговото тело сè уште не е погребано.
Резултатите од тестовите кои што беа направени врз него, наводно биле неубедливи, а комплетната анализа нема да биде завршена до крајот на февруари.
-Резултатите би требало да стигнат до крајот на месецот. Немаме никакви нови информации, додека полицијата вели дека неговата смрт не е сомнителна, вели близок извор до семејството.
Токсиколошките тестови треба да покажат дали супстанци како лекови, наркотици и алкохол, допринеле за смртта на пејачот.
Џорџ Мајкл беше пронајден на 25 декември од страна својот партнер, Фади Фаваз. По ова тој беше приведен во полициска станица, па потоа пуштен на слобода.