Оваа недела многу познати објавија дека се бремени. Најпрво Бијонсе, па Амал Клуни, а сега и Роузи Хантингтон Вајтли. Таа објави фотографија на својот профил на Instagram, каде што мошне се забележува нејзиниот стомак. Конечно Џејсон ќе ја има најголемата улога во неговиот живот, татко. Има ли нешто подобро од тоа?
- Многу сум среќна што Џејсон и јас ќе имаме бебе, стои под описот на фотографијата.
Изгледа дека тие работеле цели две години за да добијат бебе. Уште во 2015 година, Роузи изјави дека сака да биде мајка.
- Постојано размислувам за тоа да имам семејство, без разлика дали живеам овде во Америка или во Англија, но тоа воопшто не е едноставно. Не знам што ќе се случи, но интересно ќе биде да се дознае, така?
Парот се заедно седум години, а минатата година се свршија, па бебето им дојде во вистинското време.