Меланија е заробена во златната кула: Очајна е и несреќна

Додека Доналд Трамп ужива во моќта и власта како претседател на Америка, неговата сопруга Меланија се бори со улогата како Прва дама. Судејќи според гласините, таа не може многу добро да се снајде во должностите кои ги има.



Според нејзините блиски пријатели, не може да го поднесе следењето на новинарите на секој нејзин чекор, пишувањето за секој потег, како и смислувањето на различни невистини.

- Овој живот не беше нејзин сон, туку на Доналд. Меланија не знае да се носи со оваа ситуација, изјавил еден близок пријател на семејството.

Нејзиниот живот не е типичен за Прва дама. Имено, додека нејзиниот сопруг е во Белата куќа, таа е заробена во кулата Trump Tower во Њујорк, заедно со 10-годишниот син Барон, кој има цел кат само за себе.



- Во 1996 година, Меланија дојде во Америка за да изгради модна кариера, а не да стане Прва дама. Очајна е, несреќна е поради тоа во што и се претвори животот.

Од инаугурацијата Меланија не се појавила во Белата куќа и не приредила ниту еден прием, додека нејзината претходничка, Мишел Обама во првата недела на мандатот на својот сопруг одржала два приеми во Белата куќа. Она што е очигледно е дека Меланија не сака така лесно да се откаже од приватноста. Неодамна ја молеле да се појави во Вашингтон за да ја зголеми популарноста на Трамп. Американците очекуваат и сакаат кога Првата дама се појавува во Вашингтон, а тоа со Меланија не е случај.



- Се што треба да направиш е да се појавиш на еден ден во градот и да те фотографираат, биле зборовите со кои ја убедувале Меланија. Таа требало да и прави друштво на сопругата на јапонскиот премиер, која цело време била сама, иако традицијата налага Првата дама да организира дружење и прошетка низ градот.

Меланија сигурно не помага и на фактот дека медиумите баш и не го сакаат семејството Трамп. Тешко и е што не може повеќе да го носи син и во училиште, што тајните служби и се постојано зад чекор. Најсреќна е кога викендите ги поминува со Трамп во Флорида во нивната вила.

- Нека не ве залажува нејзината насмевка на фотографиите. Таа мрази што мора тоа да го прави. Меланија не е среќна по кој пат тргнал нејзиниот живот, заклучува изворот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби