НЕВЕСТА, СПЕЦИЈАЛКИ, ХАЛКИДИКИ...

Златна Бубамара кучка стара: Успеа да го расплачe и Сашко Коцев

Синоќа сите патишта водеа кон Метрополис Арената. Столчињата беа премалку за публиката дојдена да ја гледа Златна Бубамара, па некои од присутните дури и стоеја, но не се откажаа до последната минута од шоуто.

Екипата на Радио Бубамара за својата 20 годишнина, ни покажа зошто толку многу ја обожаваме оваа манифестација. Инвентивноста како и секоја година, така и оваа, беше на ниво, па беа опфатени  речиси сите главни збиднувања од земјата, но и од светот.

Традиционално Сашко Коцев беше главниот домаќин, кој се појави во улога на пејач пеејќи ја „Ајде на Халкидики“, но и во улога на невеста, која де ја сакаат, па де не ја сакаат и така ја лажат 20 години.

Тука беа и Атанас и Тино, кои од година во година се сè подобри во својата улога како upgrade, иако до претходната беа само заменски водители. Сепак, сите би се согласиле дека Сашко Коцев е незаменлив и дека Златна Бубамара не би била вистинска доколку тој не е домаќин на истата.

Пријатно се изненадивме од Росана, која ја доби наградата за трајни вредности и пеејќи ја песната „Признавам“ нè врати назад во младоста.

Ах, тоа беа времиња со одлична музика и со песни кои се паметат до ден денешен. Токму една таква стара песна ни исполни и брачниот пар Кочовски, кои добија награда за животно дело. Тие нè размрдаа со песната „Мама Хуанита“, која ја исполнуваат како дел од репертоарот на  групата „Мањифико“.

Дојде време кога почнаа да ни течат солзи радосници и кога дури ни Специјалните јавни обвинителки во публиката не можеа да се соземат од глумата на Специјалките на сцена. Биба Додева заедно со две „помошнички“ освен што пееја, мошне добро ги имитираа Катица Јанева, Ленче и Фатиме. Тие им ја доделија наградата на екипата од „Фчерашни новости“ за најдобра сатирична емисија.

Спортските награди отидоа во рацете на Игор Стефановски и Томи Стефановски, додека пак театарските ги добија Јелена Јовановка и Никола Ристановски. Она што сите нè трогна беше моментот кога Никола реши својата награда за најдобар актер за 2016 година да му ја додели ни повеќе ни помалку,  туку на неповторливиот Сашко Коцев. Тој пак не знаеше што да направи, за прв пат немаше коментар и беше со солзи во очи. Ова, дефинитивно ќе биде моментот по кој ќе ја паметиме оваа 20-та Златна Бубамара.

Аки Ракимовски повторно запеа на овие награди заедно со хорот „Мирче Ацев“, а неговите најпознати „Jesen u meni“ и „Sve još miriše na nju“ звучеа неверојатно добро со оваа придружба. Нашите познати пееја и во чест на светски познатите ѕвезди Џорџ Мајкл, Леонард Кохен, но и никогаш заборавениот Тоше Проески.

По оваа 20-та манифестација на радио Бубамара им посакуваме безброј успеси, а на нашите познати личности да бидат вредни, за да може да ги освојуваат златните статуетки или како што би рекле Атанас и Тино, македонските Оскари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби