Победникот на „X factor“ и шоуто „Tvoje Lice Zvuci Poznato“, Даниел Кајмаковски, гордо објави дека станал татко. Тој и неговата девојка, мисицата Кристина Димитријевска го добија синот Давид.
-Отсекогаш сакав да бидам млад татко!!! Со оваа реченица ме запозна целиот Балкан и денес ми се оствари мојата животна желба. Ви го претставувам мојот син Давид Кајмакоски!! Радоста не може да се опише со збор. Огромна благодарност до болницата Sante Plus која толку професионално се погрижи за мојата новосоздадена фамилија!!! Ви благодариме од срце!
PS: Мамичка одмара...Псттт