Теорија на заговор: Лео го зезна Оскарот?!

Откако Ворен Бити по грешка го додели Оскарот за најдобар филм на „La La Land“ наместо на „Moonlight“ сите се прашуваат како можеше да се случи еден ваков пропуст и тоа на манифестација од овој калибар.

Една од најлудите теории на заговор е дека Лео решил да си поигра со судбината и да и врати на Академијата за сите оние години кога беше номиниран, но не ја добиваше наградата.

Еден од многуте коментари на настанот забележал дека Леонардo ди Каприо го задржал во рацете пликот со Најдобра актерка, наградата што и ја додели на Ема Стоун, непосредно пред да биде доделена онаа за најдобар филм.

Претпоставката е дека Лео го вратил назад пликот, по што Ворен Бити и Феј Данавеј по грешка го земале истиот, наместо оној за најдобар филм.

Ворен Бити во своето извинување рече дека го прочитал името на Ема Стоун и така претпоставил дека „La La Land“ е среќниот добитник.

-Сакам да кажам што се случи. Го отворив пликот и во него пишуваше Ема Стоун, La La Land и затоа се загледав во Феј, а потоа и во вас. Не се трудев да бидам смешен. „Moonlight“ ја доби наградата, рече тој.

Сепак, Ема Стоун застана во одбрана на Лео велејќи дека пликот со нејзиното име, цело време бил кај неа.

Интересно е да се забележи дека поради сигурност постојат 2 идентични плика, кои се даваат од двете страни на сцената, во случај да настане некаков проблем. Мешаницата најверојатно настанала кога некој по грешка му го дал погрешниот плик на Бити.

Втората теорија за тоа што се случи е дека Мет Дејмон решил да се пошегува со Џими Кимел, па некако ја искористил ситуацијата и ги заменил пликовите.

Која и да е вистината, едно е сигурно, 89-то издание на Оскарот ќе влезе во историјата поради оваа грешка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби