Џенифер Лопез, очигледно не може да остане сингл подолго време.
Откако ја прекина долгогодишната врска со Каспер Смарт, почна да се забавува со Дрејк, а сега е во врска со Алекс Родригез. Алекс е бејзбол играч, а до сега бил во врска со Кејт Хадсон и Камерон Диаз.
- Џен и Алекс веќе неколку недели се во врска, потврди извор близок до новиот пар за магазинот People.
И додека сите се надевавме дека таа можеби ќе се смири со поранешниот маж, Марк Ентони, бидејќи настапуваа неколку пати заедно, а и се бакнаа на сцена, таа си продолжи со животот. И веќе Џеј Ло не е повеќе достапна за слободните момци во Холивуд, но ќе видиме до кога.