Тито се плашел од Јованка?

Додека Тито беше на функција, честопати се слушаа различни муабети за неговиот брак со Јованка. Сепак, многу малку луѓе знаат што точно се случувало зад затворени врати. Како и секоја приказна, така и оваа има две страни од кои онаа на Јованка е идеална, а онаа на Тито.. не баш.



- Јас имав огромно внимание од негова страна, голема љубов. Не можам да се пожалам од однесувањето на Тито кон мене, во последните денови. Беше многу коректен. Многу ме сакаше, искрено.. Знаеше да биде многу внимателен. На пример, знаеше да донеси или да подготви нешто. Многупати имам кажано дека над 20 години, секое утро тој правеше кафе за мене и за него. Имавме слуги и келнери. Но не, тој ќе го направи кафето и ќе ми го донесе. Наутро јас спиев повеќе од него и тој секој ден го правеше тоа. Рано стануваше, зимаше весник, ќе ставеше кафето да се свари и ќе ми го донесеше. Дваесет години го правеше тоа за мене, изјавила Јованка на познатата белградска новинарка Мири Адањи Полак.

Од документите кои ги составувала посебна комисија во тогашна Југославија, а кои можеле да ги видат само одредени луѓе, очигледно било дека Јованка Броз била елементарна непогода за повеќето соработници на Тито, а често и за него самиот. Таа се однесувала како кралица, ја наметнувала својата волја во сите можни ситуации и според многумина била дури и злобна, а можеби и клинички параноична.



Според мислењето на Никола Љубичича, поранешен министер за одбрана, Тито не бил некој си херој во очите на Јованка.

- При една прилика кога си дошол дома, Јованка многу му викала и го навредувала. Тогаш се скараа за патувањето во Кина, за кое што Јованка поставила неверојатни услови. Сепак, во 1978 година, Тито тогаш реши сам да оди, но и донесе подарок. Јованка буквално му го фрли подарокот на претседателот, кој тогаш веднаш донесе одлука за развод.

За тоа тогаш претпоставувала цела Југославија, но вистинските причини ги знаеја само ретки луѓе. Никола тврди дека Јованка му вршела неверојатен притисок на Тито, кога се работело за кадрите. Исто така, тој истакнал дека во неколку наврати Јованка често одела во неговата спална соба и го малтретирала, вршејќи му притисок за кадровските промени и други прашања поврзани со раководењето, па многу пати знаел да се заклучи во купатилото и таму да го дочека утрото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби