Синоќа во Лоднон се одржа гала вечер во Националната портретна галерија, каде што покрај мноштвото познати личности беше поканета и Војвотката од Кембриџ. Ги воодушеви сите благодарение на нејзината темно зелена тоалета изработена од тантела, надополнета со златен накит, чевли и чанта.
Тоалетата е дело на Temperley London, омилената модна куќа на Кејт, додека сандалите се со потпис на Jimmy Choo.
На гала вечерта таа се сретна со неколку родители на дечиња, чии што деца го посетуваат училиштето каде што Џорџ ќе почне да учи оваа година. Исто така, застана и да позборува со моделот Алекса Чанг, која што беше облечена во многу необичен бел фустан со црни точки.