Скандалот продолжува: Дадилката добила 300 илјади долари?!

Разводот на поранешната спајсица, Мел Би и нејзиниот сопруг Стефан Белафонте, со сигурност ќе биде еден од најскандалозните оваа година. Како што излегуваат деталите од нивниот приватен живот, така дознаваме дека зад сликата на совршениот брак се кријат многу мрсни детали.

Таблоидите ги објавија фотографиите од дадилката која што останала бремена од Белафонте. Според првичните информации згодната русокоса абортирала во замена за 300 илјади долари. Лорејн Гилс имала секс со сопругот на Мел Би во текот на 7-те години додека работела за семејството. Пејачката знаела за аферата, но не можела да собере храброст за да ја отпушти дадилката, со оглед на насилните испадни кои ги имал Белафонте.

-Ме деградираше пред неа така што ме споредуваше со неа и ми велеше дека таа е помлада и изгледа поубаво. Подоцна дознав дека имаат секс и дека и дава огромна сума пари. Пред некое време дознав дека и дал 300 илјади за „бебистерски услуги“.

Сепак, најголемиот шок го доживеала во 2014-та кога дознала дека 26-годишната дадилка е бремена.

-Ми рече дека сака таа да го роди детето и сите тројца да живееме заедно. Бев во шок и неверување, раскажува Мел Би.

По некое време Белафонте го смени мислењето и Лорејн абортирала, процедура што била платена од парите на Мел Би. Кога Мел конечно сакала да ја отпушти Гилс, тоа мошне го разлутило нејзиниот сопруг.

-Дали сфаќаш дека Лорејн може да биде сведок против тебе и да ја раскаже приказната на медиумите како и на социјалните служби. Твојата кариера ќе биде уништена. Овие зборови беа само едни во низата закани кои ми ги упатуваше, вели пејачката.

Што ли уште ќе излезе на виделина?!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби