Дојде денот кога легендарниот Хју Хефнер не се појави на Playboy забавата, па дали тоа значи дека старецот конечно се пензионира?
- Татко ми би убил ако некој неговото заминување го опише како заминување во пензија. Тој си ужива во животот во вилата, изјави неговиот син Купер, кој минатата година стана креативен директор на Playboy.
Купер организираше забава по повод снимањето на првите десет епизоди на серијата „American Playboy: The Hugh Hefner Story “, која премиерно ќе биде прикажана во петок. Токму тој викенд, Хју полни 91 година, а ќе му биде организирана забава во неговото домашно кино. Најверојатно таму ќе се појави.