СО АНЏЕЛИНА ДАВАМЕ СЕ ОД СЕБЕ

Бред Пит искрено за разводот, пиењето и децата

Холивудскиот актер Бред Пит конечно си ја отвори душата по разводот со Анџелина Џоли и тоа за познатиот магазин GQ. Освен интервјуто, од магазинот му направиле и специјална фотосесија, во која забележуваме дека актерот е значително остарен, ослабен и со побелена коса.

Тој зборуваше за целиот свој живот почнувајќи од детството преку растењето, проблемите со пиењето, па сѐ до фамилијарниот живот.



- Дури минатата година се соочив со тоа, пиев премногу. Но, еве веќе половина година не консумирам алкохол. Сега пијам само чај и сокови, не сакам повеќе да имам лош живот.

Исто така, зборува и за тоа како неговата кариера влијае врз односот со неговите деца. Многупати дозволил работата да го затрупа, па не наоѓал време за децата, па поради тоа сака да стане многу подобар татко од она што бил во минатото. Дури и самиот истакна дека веќе не се гледа како актер, особено не сега, кога е татко.



- Лично сум многу ретардиран што се однесува до чувствата. Многу подобар сум во прикривање на истите. Пораснав со строг татко, па добив дојам дека татковата фигура мора да биде многу силна, наместо да се разбере себеси и своите маани. Кога тоа го дознав, како да се освестив токму во периодот кога се разведовме. Но, мора да дознам повеќе за чувствата, ми треба многу повеќе од тоа.

Откако се раздели од Анџелина, Бред призна дека бил премногу разочаран за да се врати во својата куќа во Беверли Хилс, па му требало прибежиште. Шест недели спиел на под кај својот пријател, трудејќи се да се избори со тоа што ја изгубил фамилијата. Иако разделбата им беше бурна, моментално работат на својот однос.



- И двајцата сега даваме сѐ од себе. Еден адвокат кажа: Никој не победува на суд, проблемот е во тоа кој ќе помине полошо. И тоа делува како вистина. Поминуваш година дена фокусирајќи се да докажеш дека си во право и тоа е само еден пат на омраза. Го одбивам тоа. Тоа е многу потресно за децата, одеднаш да видат како фамилијата им се распаѓа. За среќа и мојата партнерка се согласува. Омразата во овие прилики е толку често користена, но со тоа само се губи време, искрено зборува Пит.

Додава дека овие девет месеци ги искористил да ги согледа своите слабости и она што го попуштил. Моментално се има посветено на еден проект.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби