Кој рече дека невестинските фустани не можат да бидат добар материјал за на црвениот тепих?
Бразилскиот супермодел, Адријана Лима зачекори на втората вечер од Канскиот филмски фестивал во венчаница од модното ателје на дизајнерот Наим Кан.
Едноставниот, но впечатлив бел фустан изгледаше одлично на телото на поранешната српска снаа. Сепак, во еден момент Лима мораше да направи мало движење и да го врати на место, зошто фустанот без прерамки започна да се спушта надолу.