Кортни Кардашијан реши да ужива во Кан и тоа со нејзиното ново момче, поранешниот боксер Јоанес Бенџамин, кој има само 24 години.
Тие се видени неколку пати заедно и веќе не кријат дека се во врска.
Додека тие изгледаат среќно и задоволно, Скот беше забележан на базен со 19 годишната Бела Торн. Многумина помислија дека Скот се заљубил во неа, но тој всушност подоцна бил виден во друштво на Клои Бартоли. За тоа дека Бела му била само забава покажуваат и фотографиите на кои тој без проблем ја допира за градите пред мноштво луѓе.
Кортни од друга страна пак ретко си дозволува да ја поврзуваат со момчиња, па ова е прво нејзино појавување во јавноста со момче, откако се разделија со Скот. Можеби кај нив работите станале посериозни.