Северина имала настап во еден ноќен клуб во Софија, а во Бугарија се упатила заедно со Игор и со нејзиниот син Александар.
И додека таа сметала дека ќе се шетаат низ Бугарија, Бојко Борисов и го сменил планот, односно ги поканил на ручек во неговата семејна куќа.
Овој ручек не бил испланирал се до пристигнувањето на Северина во хотелот, каде што престојувале. Токму тогаш се јавил Борисов и ги поканил.
Сепак, целата „акција“ била тајна, бидејќи бугарскиот премиер не сакал да се знае дека ќе ја угости хрватската пејачка. Имено, освен со оваа ѕвезда, тој е мошне близок и со Цеца.