Бела Хадид ја покажа својата совршена фигура во црвен фустан, по повод денот на таткото, кој го прослави со нејзиниот татко Мохамед во еден ресторан во западен Холивуд.
Оваа 20-годишна манекенка изгледаше неверојатно добро и заводливо во фустанот со гол грб. Истиот го комплетирала со едноставни црни сандали на потпетици.
Често ја гледаме во црвени фустани, па изгледа дека токму црвената боја е нејзина омилена.