Повик од параноичната Дајана: Испратив човек да те убие!

Принцезата Дајана, почина пред 20 години, но нејзиното име и нејзиниот однос со соперничката Камила, инаку сегашна сопруга на принцот Чарлс, се уште крева прашина.

Деновиве јавноста е заинтригирана од две книги едната биографија на Камила напишана од Пени Јуниор, а другата книга за Дајана, базирана врз видео записите кои новинарот Ендрју Мортон ги направил со сега покојната принцеза.

Според верзијата на Камила, Дајана и Чарлс никогаш не биле добар пар. Во суштина на Дијана само и се допаѓала идејата да биде сакана од принцот бидејќи живеела во нереална бајка. Пред да се венча со Чарлс, Камила и Дајана биле во добри односи, но принцезата не знаела за односот кој Камила претходно го имала со Чарлс.

Верзијата на Камила вели дека таа го прекинала односот со принцот откако тој и предложил брак на Дајана. Сепак, откако Дајана дознала дека Чарли и Камила претходно биле интимни пријатели, радикално се сменила и започнала да развива параноја. Во тоа време принцот се надевал дека неговата идна сопруга ќе се смири откако ќе стапат во брак, но наместо тоа нејзиното однесување станувало уште попроблематично.

Она што ја збеснало Дајана непосредно пред венчавката била златната бразлетна наменета за Камила. Според тврдењето на Дајана, Чарлс воопшто не сакал да разговара со неа околу таа тема. Од друга страна во биографијата на Камила, се вели дека сосема напротив, принцот имал жестока дискусија со Дајана околу подарокот, но и понатаму тврдел дека љубовната врска со Камила завршила.

Во 1989-та, при една средба на приватна забава, Дајана се конфронтирала со поранешната љубовница на принцот.

-Камила, сакам да знаеш дека точно знам што се случува меѓу тебе и Чарлс. Не сум од вчера.

Но, тоа не било се. Лутата и повредена принцеза во една прилика и се јавила на Камила во доцните часови од ноќта со закани дека пратила човек за да ја убие.

Принцот Чарлс ја призна својата врска со Камила Паркер Боулс дури во 1994-та година. По ова и Дајана јавно ја раскажа својата верзија на нивниот проблематичен брак велејќи дека во таа врска секогаш биле тројца. Камила и Чарлс стапија во брак во 2005-та година, а британската јавност отсекогаш ја сметаше за негативен лик, виновен за распадот на бракот на принцезата Дајана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби