Пријателите на Анџелина Џоли велат дека деновиве е мошне разочарана.
Сепак, нејзиното лошо расположение не се должи на романската на Бред Пит со Сиена Милер, туку на нејзиниот мистериозен љубовник, кој веќе некое време вешто го крие од лицето на јавноста.
Додека таа е во Лос Анџелес, партнерот е во Англија, па двојката повеќе не се гледа како порано, што води кон неминовен крај на нивната врска.
-Таа сакаше нов старт заедно со децата, а сега е скршена, открива близок пријател на актерката.
Од друга страна на Бред сега за сега му оди одлично. Деновиве беше забележан како посветено работи на својот нов проект.