Принцот Џорџ не е воопшто срамежливо дете, сепак за време на посетата на Полска, му требаше малку повеќе убедување при излегувањето од авион.
За разлика од малата Шарлот, која смирено ја гледаше толпата за пречек од прегратката на војвотката од Кембриџ, помалку збунетиот Џорџ изгледаше исплашено уште кога љубопитно набљудуваше од авионската кабина.
Принцот Вилијам мораше да ги искористи своите убедувачки тактики за да му објасни дека сè e во ред.
Кејт и Вилијам деновиве се во официјална посета петдневна посета на Полска и Германија, на која заедно со себе ги поведоа и децата.