Токму кога мислевме дека ќе дојде до помирување помеѓу Марко Јариќ и Адријана Лима, бразилската манекенка јавно го покажа своето ново момче, турскиот писател Метин Хара.
Лима и Хара, со денови јавно ја покажуваат својата љубов каде и да се појават без разлика на тоа дали папараците им се во близина.
По сето медиумско внимание кое е свртено кон неговата поранешна сопруга и Марко Јариќ беше забележан со непозната жена. Иако вешто си го крие приватниот живот, кошаркарот беше уловен со згодна бринета. Парот не разменуваше нежности на плажа, но беше и повеќе од очигледно дека разговорот им одеше добро.