Николас Кејџ отсекогаш знаел како да нè насмее.
Овој пат причината смеење е неговата посета на Казахстан каде што е фотографиран покрај првата дама на земјата.
Она што го привлече вниманието несомнено е неговиот израз на лицето додека позира во традиционална облека.
Кејџ им стана толку интересен на твитерџиите што веднаш започнаа да го монтираат на други фотографии и да се шегуваат на негова сметка.