Џоли отворено за разводот: Плачев под тушот, но не и пред децата

По разделбата од Бред Пит, Анџелина Џоли целосно им се посвети на децата и на својата хуманитарна работа.

Магазинот Vanity Fair ја имаше ексклузивната можност да разговара со Џоли околу разводот, а воедно и да и направи прекрасна фотосесија.

Во интервјуто Џоли открива дека нејзината врска со Пит станала проблематична минатото лето, за време на постпродукцијата на нејзиниот филм „First They Killed My Father“.

-Нашиот животен стил не беше негативен. Тоа не беше проблемот. Тоа ќе биде една од најубавите можности кои можеме да им ги дадеме на нашите деца...Тие се 6 силни и внимателни индивидуи, вели Џоли.

-Многу се гордеам со нив. Тие беа многу храбри во моментите кога требаше да бидат. Сите се лекуваме од случките кои доведоа до разводот...Тие не закрепнуваат од разводот. Тие закрепнуваат од некои...Од животот, од работите во животот.

Актерката вели дека жените во семејствата понекогаш се ставаат себе си на последно место, сè додека тоа не се манифестира на нивното здравје.

Оскаровката отворено зборуваше за своето кревко здравје по разводот, велејќи дека во еден период страдала од Белова парализа, состојба што предизвикува делумна парализа на лицето. Благодарение на третманите со акупунктура успеала да се справи со проблемот.

Во изминатите години Анџелина направи двојна мастектомија на градите и ги отстрани јајниците откако тестовите покажаа дека постои голем ризик да се разболи од рак. Сето тоа се одрази и на нејзината тежина, па многу пати во јавноста кружеа гласини и дека е анорексична.

-Јас секогаш бев загрижена за мојата мајка додека растев. Не сакам моите деца да се грижат за мене. Мислам дека е важно да плачеш под тушот, наместо пред нив. Тие треба да знаат дека сè ќе биде во ред дури и кога ти не си сигурна во тоа.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби