Холивудска приказна со среќен крај?

Анџелина Џоли и Бред Пит се новите Елизабет Тејлор и Ричард Бартон. Иако имаа сериозни несогласувања кои доведоа до поднесување на документите за развод, Џоли и Пит едноставно се предодредени да бидат заедно.

Холивудската двојка деновиве интензивно работи на своето помирување бидејќи како што велат нивните пријатели, сфатиле дека се далеку посреќни кога се заедно, отколку кога се разделени.

Според Иан Халперин, биографот на парот, Енџи и Бред пред 7 недели за прв пат се сретнале по нивната разделба.

-Бред го направи првиот чекор кон неа, за потоа да завршат во прегратка. Имаше многу солзи. Не се воздржуваа. Си кажаа сè. Во тој миг решија да започнат одново.

Како на Анџелина, така и на Бред му требаше време за да размисли. По инцидентот на авионот, Џоли беше мошне бесна поради однесувањето на Пит, но изгледа дека сега конечно е подготвена да му даде втора шанса. Тој пак сериозно се нафати да го реши проблемот со зависноста и да и покаже дека е нов човек.

Холивуд сака приказни со среќен крај, а истото го сакаат и Бред и Анџелина. Нивните пријатели велат дека помеѓу нив постои посебна хемија, па дури и кога бурно се расправаат за некоја работа, караницата завршува со бакнеж и помирување. Можеби токму затоа Џоли, не ретко ја споредува нивната врска со онаа на Тејлор и Бартон кои иако беа едни од најтурбулентните двојки во Холивуд не можеа еден без друг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби