Дали нештата конечно си доаѓаат на своето место во животот на Анџелина Џоли?
На премиерата на нејзиниот филм „The Breadwinner“ актерката повторно блесна во полн сјај како во старите добри времиња, кога редовно ја гледавме на црвениот тепих во одлично расположение.
Иако сè уште и недостигаат килограми за да си го врати стариот изглед, насмевката на нејзиното лице открива дека нештата тргнале во позитивна насока.
Останува непознато дали тоа се должи на помирувањето со Бред Пит или пак едноставно е заради еуфоријата од преставувањето на филмот на Филмскиот фестивал во Торонто.
Анџелина беше придружувана од своите деца, кои секогаш се нејзината најголема поддршка за време на премиерите.