Кога станува збор за ракот на градите, многу жени сè уште мислат дека се имуни на оваа опака болест, па токму затоа и не посветуваат поголемо внимание на здравјето на своите гради.
Колумбиската актерка, Софија Вергара, реши да ја подигне свесноста за оваа болест и за важноста на редовните мамографски прегледи, па и самата отиде на преглед.
Притоа го искористи својот Instagram профил за да постира кратко видео од ординацијата под кое напиша: Морате да го направите ова!
Доколку сè уште не сте го направиле својот преглед, сега е вистинското време за тоа.