Кејт Мидлтон ужива во бременоста и танцува со мече

Кејт Мидлтон се појави и втор пат во јавноста по објавата за нејзината трета бременост.

Овој пат војвотката од Кембриџ блескаше облечена во нежно розов фустан со цветен  дезен кој е креација на модниот бренд Orla Kiely. Под него дискретно се наѕираше трудничкото стомаче, а ја покажа и својата променета фризура за средба со еден од симболите на Велика Британија.



Во придружба на нејзиниот сопруг принцот Вилијам и неговиот брат принцот Хари се појави како знак на поддршка на децата кои беа собрани од многу хуманитарни здруженија на станицата Падингтон во Лондон.

На настанот присуствуваше и филмската екипа на "Padington 2", продолжение на истоимениот филм во кој главна улога има мечето Падингтон, кое стана дел од британската култура, а воедно и заштитен знак на Велика Британија.

Триесет и пет годишната војвотка понесена од веселото расположение не одолеа на шармот на славното мече на Велика Британија, па реши и да заигра со него не симнувајќи ја насмевката од своето лице.

Кејт Мидлтон за своето прво појавување во јавноста одбра син фустан, но овој пат се одлучи за розовата боја заскокоткувајќи ја јавноста со прашањето дали полот на идниот член на кралското семејство е машки или пак женски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби