„Богот“ на Холивуд ме нападна по БАФТА наградите

Секс скандалот со холивудскиот продуцент, Харви Вајнстин, добива сè поголеми размери, откако се повеќе жени започнаа да го обвинуваат за сексуално малтретирање и силување.

Последната на листата е актерката Натасија Малте, изјави дека била силувана од Вајнстин во Сансерсон хотелот веднаш по доделувањето на БАФТА наградите во 2008-ма.

За време на прес конференцијата одржана за медиумите Малте рече дека продуцентот влетал во нејзината соба и ја присилил на секс без кондом.

По инцидентот и било доставено сценариото за филмот „Nine“, но се откажала од проектот откако Вајнстин ја поканил на секс во тројка со неговата асистентка.

-Многу се колебав дали да дојдам денес. Сето ова ме плаши на некој начин. Сепак, моите најблиски пријатели ме подржаа да го направам ова. Освен тоа ова го правам за своето 3 –годишно момче, за да знае како да ги почитува и третира жените, за сите млади девојки кои никогаш не треба да поминат низ тоа што поминав јас и за сите жени пред и после мое кои се обиделе да успеат во Холивуд, рече 43-годишната Малте.

Со ова таа стана 9-та личност која го обвини Вајнстин за силување. Интересно е што однесувањето на продуцентот со години важело за јавна тајна, која поради неговата репутација на „Бог“ во филмскиот свет упорно била премолчувана.

Актерките кои сакале да добијат улога требале да го жртвуваат своето достоинство, а оние кои биле сексуално нападнати морале да молчат за да не бидат фатени на пик и со тоа да си ја уништат кариерата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби