Актерот Брус Вилис отсекогаш сме го гледале во мачо улоги, па можеби токму затоа неговата маска за Ноќта на вештерките ни изгледа помалку смешно.
Вилис и неговиот пријател, продуцентот Стивен. Џ. Ејдс, оваа година се маскираа во близначките од култниот филм на Стенли Кјубрик, „The Shining“.
Ѕвездата на „Умри машки“ не можеше да се воздржи од смеење додека заедно со Ејдс заедно чекореа еден до друг во сини детски фустани и кафени перики.